Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2014

Ник Киргиос – идниот број еден?

Рафаел Надал е елиминиран во осминафиналето на Вимблдон, но неговиот пораз и тој не беа во центарот на вниманието.

Причина за тоа е момчето од другата страна на мрежата – не се зборува за поразот на Рафаел, туку за победата на Ник Киргиос. Зошто? Затоа што сите се согласуваат дека момчето кое настапува за Австралија би можело да биде идниот број еден.
Ник доаѓа од мешан брак – татко му е Грк, а мајка му Малезијка. До 14 години играл кошарка, но тогаш одлучил да се сконцентрира исклучиво на тенисот.
„Тоа најверојатно беше најтешката одлука која сум морал да ја донесам, но моето семејство беше доста упорно да продолжам со тенисот. Сепак, сакам да се занимавам со спортот и во ниту еден момент не се покајав што целосно се посветив на тенисот“, изјави 19-годишниот Киргиос за официјалната интернет-страница на АТП.
Одлуката која ја донесе беше вистинска, а овогодишниот Вимблдон Ник ќе го памети како место на кое се проби кон ѕвездите. Во првата рунда го совлада Робер, потоа дојде првиот подвиг и триумф над Гаске со девет спасени меч-топки,а потоа и победата над леворакиот Весели.
Киргиос е награден со меч со првиот тенисер на светот на Централниот терен на Вимблдон. Целосно ослободен, Ник одигра брилијантен меч и приреди сензација.

Најнови вести