Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2011

Шарапова и Квитова во финалето на Вимблдон

Марија Шарапова се врати на големата сцена и ќе се бори за пехарот на „Вимблдон“ против Чехињата Петра Квитова.

Шарапова се врати по 0:3 во првиот сет против Сабине Лисицки и со сигурна игра го доби полуфиналниот дуел со 6:4, 6:3. За Русинката ова ќе биде второ финале во Лондон, откако во 2004 година славеше над Серена Вилијамс за својата прва Гренд слем титула.

Петра Квитова е втората полуфиналистка по победата над белоруската тенисерка Викторија Азаренка со 6:1, 3:6 и 6:2 во сетови. Осмата носителка е прва чешка тенисерка од 1998 година која ќе игра во финалето на неофицијалното светско тениско првенство.

Најнови вести