Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2016

Ѓоковиќ: Шарапова ќе мора да ги сноси последиците

Новак Ѓоковиќ повторно ја искажа својата поддршка кон Марија Шарапова, но смета дека секој мора да ги сноси последиците за своите дела.

Некогаш најдобрата тенисерка во светот пред неколку дена откри дека била позитивна на допинг тестот на Австралија Опен.
„Жал ми е за Шарапова, се надевам дека ова ќе го преброди на најдобар можен начин, покажа голема храброст, но мора да ја преземе одговорноста за она што го сторила, мора да се соочи со последиците“, изјави Ѓоковиќ.
Најдобриот тенисер на светот смета дека спортистите грешат што се обидуваат побрзо да закрепнат од здравствените проблеми со помош на медикаменти.
„Чувствувам дека многу спортисти мислат дека лековите и одредени супстанци ќе ги закрепнат побрзо и ќе им овозможат да се чувствуваат подобро. Јас не верувам во краткорочен процес. Верувам во избалансирано и хармонично здравје, кое се постигнува од различни аспекти. Не постои магичен еликсир поради кој се чувствуваш подобро“, истакна Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ се наоѓа на Индиан Велс каде ќе ја брани титулата освоена во последните две години.

Најнови вести