Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2016

Азаренка поради бременост привремено се повлекува

Двократната освојувачка на Гренд Слем турнирот, тенисерката од Белорусија Викторија Азаренка, изјави дека е трудна и дека планира да ја продолжи кариерата откако ќе се породи.

Азаренка(26) го освои Австралија Опен 2012 и 2013 година, а играше и две финалиња на Отвореното првенство во САД.
„Се чувствувам благословено што го започнав овој возбудлив пат на градење на семејството. Инспирирана сум од толку силни жени кои се вратија на врвот откако се породија, а истото планирам да го сторам и јас“, напиша Азаренка на социјалните мрежи.
Сепак, кариерата во последните сезони и беше во пад поради серијата од повреди.
Таа би требало да се породи кон крајот на годината.