Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2011

Возњацки и сестрите Вилијамс во „аут“

Првиот носител во женска конкуренција, Данкињата Каролина Возњацки, е елиминирана на тревата на „Вимблдон“. Покрај неа, и сестрите Серена и Венус Вилијамс ги завршија своите настапи во осминафиналето.

Доминика Чибулкова успеа да ја победи првата носителка на ВТА листата, Каролина Возњацки иако првиот сет го загуби со 1:6, па по голема борба ги доби вториот и третиот сет со 7:6 и 7:5. Чибулкова во четвртфиналето ќе се сретне со Марија Шарапова, која немаше проблеми со Шуаи Пенг (6:4, 6:2).

Минатогодишната победничка, Серена Вилијамс загуби во два сета со 6:3 и 7:6 од Французинката Марион Бартоли. Нејзината сестра беше убедливо поразена од Бугарката Цветана Пиронкова со 6:2, 6:3.

Четвртата носителка, Викторија Азаренка со 6-2, 6-3 беше подобра од Надја Петрова, па во следната рунда ќе игра против Тамира Пашек, која ја победи Ксенија Первак во три сета (6:2, 2:6, 6:3).

Најнови вести