Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2011

Џоковиќ триумфираше на „Вимблдон“

Српскиот тенисер Новак Џоковиќ го победи Рафаел Надал во големото финале на „Ол вајт“ клубот со 3-1.

Џоковиќ го почна финалето самоуверено и во препознатливата форма која го следи последните неколку месеци. Го доби првиот сет со 6-4, а во вториот го декласираше довчерашниот тенисер број еден со 6-1. Во третиот сет Шпанецот се созема и му врати со иста мерка, а четвртиот сет беше решавачки. Џоковиќ се врати во ритам, а Надал не можеше да му парира и го загуби сетот со 6-3 по што популарниот Ноле ја освои својата трета Гренд слем титула. Од утре 24 годишниот Србин е нов светски рекет број еден на АТП листата.

Во вчерашното женско финале, Чехињата Петра Квитова ја порази фаворизираната Марија Шарапова со 2-0 (6-3, 6-4) и стана првата леворака тенисерка по Мартина Навратилова во 1990 година која триумфирала на „Вимблдон“. Ова е прв Гренд слем трофеј за 21 годишната Квитова, која беше осма носителка пред почетокот на турнирот.

Најнови вести