Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2017

Федерер преку Надал до 18-та Гренд слем титула

Роџер Федерер го победи Рафаел Надал со 3:2 по петте одиграни сета и е победник во финалниот натпревар на Отвореното првенство на Австралија.

Триесет и петгодишниот Швајцарец ја освои 18-тата Гренд слем титула во кариерата, а прва по Вимблдон 2012 година.
Натпреварот, кој траеше три часа и 38 минути и беа одиграни пет сета, беше возбудлив и неизвесен до последниот сет.
Првиот сет го доби Федерер со 6:4, а во следниот подобар беше Надал со 6:3 и со тоа најави неизвесност до самиот крај.
Швајцарецот повторно го доби и следниот сет со убедливи 6:1 за водство од 2:1 во сетови, Но Надал не дозволи да биде надигран и со 6:3 повторно го израмни резултатот.
Последниот сет, кој воедно го реши мечот, Федерер го доби со 6:3 и со триумфот ја зголеми разликата на четири Гренд слем титули над Шпанецот, кој остана на 14 титули.

Најнови вести