Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2017

ОПА: Надал го победи Раониќ, Димитров со историско полуфинале

Рафаел Надал со победата над Раониќ последен обезбеди место во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија.

Шпанскиот тенисер одигра одлично и со 3-0 во сетови го елиминира Милош Раониќ. Канаѓанецот даваше голем отпор, ја испушти шансата да израмни на 1-1 во тајбрејкот од вториот сет, кој Надал на крајот го доби со 9-7. Шпанецот одигра мотивирано до самиот крај и со 6-4 го освои и последниот сет, со што се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија, каде што ќе игра со Григор Димитров, кој го оствари најголемиот успех во кариерата поразувајќи го Даниел Гофин со 6-3, 6-2 и 6-4.
Првото полуфинале е закажано утре, во кое ќе се игра швајцарското дерби меѓу Роже Федерер и Станислас Вавринка.
Во женска конкуренција одлично одигра Мирјана Лукиќ-Барони, кој ја елиминира петтата тенисерка на светот, Каролина Плишкова со 2-1 во сетови, 6-4, 4-6 и 6-3. Нејзина противничка во полуфиналето ќе биде Серена Вилијамс, која славеше над Американката Џоан Конте со 6-2 и 6-3.
Во второто полуфинале на женскиот турнир во Мелбурн ќе играат Коко Вандевеј и Венус Вилијамс.

Најнови вести