Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2011

Квитова опуштено во финалето

Петра Квитова е аутсајдерот во финалето на женскиот турнир на „Вимблдон“, но нема да биде нервозна поради тоа што игра против поискусен противник.

Марија Шарапова победи на „Вимблдон“ на 17 годишна возраст, а оттогаш има освоено уште два Гренд слем турнири пред повредата на рамото да ја запре нејзината кариера.

Квитова дебитираше на големата сцена во 2008 година на „Ролан Гарос“, четири месеци откако Шарапова победи на последниот турнир од големата четворка, во Австралија и знае дека искуството на Русинката е многу важно во финалниот меч.

„Не сум нервозна и му се радувам на финалето.  Фокусирана сум на мечот и не мислам на титулата. За мене ова е обичен меч, како во второ или трето коло. Секако дека имам што да изгубам, но јас сум позитивна и ќе излезам на теренот да победам“, изјави Квитова.

„Има многу самодоверба штом стигна до финалето и сигурно чувствува дека нема што да загуби затоа што ова е нејзино прво Гренд слем финале. Таа е леворака што е многу опасно на трева и добро ја користи таа нејзина особина. Досега играше извонредно на сите натпревари“, изјави Марија Шарапова.

Женското финале се игра денеска во 15 часот, а машкото утре во истото време, а во него ќе се сретнат Новак Џоковиќ и Рафаел Надал кои во полуфиналните дуели беа подобри од Жо-Вилфред Цонга и Енди Мареј со 3-1 во сетови.

Најнови вести