Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2011

Денеска се играат полуфиналиња на УС Опен

Организаторите на годинешното издание на Отвореното првенство на САД во тенис имаа многу проблеми поради дождот, па многу наптревари беа одлагани.

Светскиот рекет број еден, Новак Џоковиќ, се начека за четвртфиналниот дуле против Типсаревиќ, но на крај се избори за полуфинале против Роже Федерер. Терминот за првото полуфинале помеѓу сегашниот и некогашниот тениски број еден е денеска во 18 часот, а после овој меч е закажано и второто полуфинале меѓу Енди Мареј и Рафаел Надал.
Србинот и Швајцарецот ќе го одиграат својот 24 меч, а засега во водство Федерер кој победи на 14 средби. Џоковиќ има девет победи, од кои три годинава, во полуфиналето на Австралија Опен, финалето во Дубаи и во полуфиналето на Индијан Велс.
Денеска се играат и полуфиналните пресметки во женска конкуренција. Каролина Возњацки ќе се сретне со Серина Вилијамс, а Анжелик Кербер со Саманта Штосур.

Најнови вести