Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2013

Ѓоковиќ влезе во историјата, хет-трик во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ е победник на Отвореното првенство на Австралија, четврти пат во кариерата, а трет пат последователно. Српскиот тенисер уште еднаш ги испиша златните страници на овој спорт, оствари хет-трик на турнирот во Мелбурн, прв откако тенисот во 1969 стана професионален спорт.

Првите два сета Ѓоковиќ се мачеше против големиот ривал, Шкотот Енди Мареј. Двата завршија по тај-брејкот, првиот во корист на Мареј, а вториот го доби Ѓоковиќ. Во текот на овие два сета немаше ниту еден брејк.
Но на средината на третиот сет Ѓоковиќ фати ритам. Еден брејк, прв на мечот, по дури 33 гема, беше доволен српскиот тенисер да го добие третиот сет со 6:3. На Ѓоковиќ најлесно му беше во четвртиот сет, кога оствари два брејка, а потоа лесно го заврши мечот со 6:2.
Белорусинката Викторија Азаренка ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн откако во финалето ја победи шестата тенисерка на светот, Кинеската Ли На со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 6:3).
Азаренка со тоа го освои вториот гренд слем турнир во кариерата, но го задржа и првото место на ВТА-листата. Ли На од денес ќе го поправи пласманот и ќе биде петта тенисерка на светот.

Најнови вести