Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2014

Еклстоун за 100 милиони евра избегнува затвор

Берни Еклстоун, првиот човек на Формула 1, понудил 100 милиони евра за спогодба со судот во Минхен, каде што му се суди за давање поткуп.

Државните обвинители  објавиле дека ќе ја прифатат спогодбата, што значи дека Еклстоун ќе остане на чело на Формула 1.
На 83-годишниот Еклстоун му се суди од април поради обвинение дека поткупил поранешен  германски банкар при негова продажба на акциите на Формула 1 на компанијата ЦВЦ пред осум години.
Државниот обвинител на судот му рекол дека одлуката за прифаќање на спогодбата е донесена поради годините на Еклстоун, но и други околности.
Британскиот милијардер во случај да биде осуден, може да заврши во затвор на десет години, а со тоа ќе мора да отстапи од чело на Формула 1, на кое се наоѓа веќе неколку децении.
Според германскиот закон, тужителите и адвокатите на одбраната можат да се договорат да се откажат од случајот или да постигнат спогодба, но условите се стриктно дефинирани.

Најнови вести