Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2014

Последниот круг во Монца

„Не верувам дека ќе направиме нов аранжман, овој стариот беше катастрофален за нас со својата комерцијална страна“.

Берни Еклстоун, сопственикот на Формула 1, изјави дека веројатно ѝ дојде крајот на една од најпознатите трки, на патеката „Монца“, поради комерцијална неисплатливост.
Моменталниот договор што го има Монца со Формула 1 потпишан е во 2010 година и Еклстон верува дека веројатно нема да биде обновен во 2016, кога ќе истече.
„Не верувам дека ќе направиме нов аранжман, овој стариот беше катастрофален за нас со својата комерцијална страна. По 2016 година, се разделуваме...“, изјави Еклстоун во интервју за „Газета дело спорт“.
„Монца“, на која се одржани сите трки за Големата награда на Италија, освен во 1980 година, кога домаќин беше патеката во Имола, е една од најпознатите патеки на светот.

Најнови вести