Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2012

„Нирбургринг“ пред банкрот?

Финансиската криза тешко ги потресе организаторите на трката во Формула 1 на „Нирбургринг“, па практично се пред банкрот.

Всушност, претходно е одлучено патеките во Нирбург и Хокенхајм за Големата награда на Германија да ротираат секоја година. Меѓутоа, мали се шансите следната сезона на шампионатот да се најде „Нирбургринг“ , бидејќи патеката, која е реновирана во 2009 година, има долгови од 300 милиони евра, а Европската унија одби да помогне со 15 милиони евра, па се принудени да прогласат банкрот. За да ги исплатат долговите, организаторите, најверојатно, ќе мора да ја продадат патеката.

Но и покрај тешката финансиска ситуација, постои можност патеката да остане на календарот. Во тек се преговорите со покраинската влада и организаторите на трката со сопственикот на Формула 1, Берни Еклстоун, па останува да се види дали првиот човек на Октанскиот циркус ќе им излезе во пресрет на Германците со прифатлива цена за организација на трката.

Најнови вести