Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2015

Аргентина и Бразил во сабота во 1:00 часот наутро

Натпреварот помеѓу Аргентина и Бразил во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 е одложена поради невремето во Буенос Аирес.

Тој дуел беше на распоредот за вчера навечер, но ќе биде одигран во петок во 21:00 часот по локално време на „Монументал“, што по наше време е сабота 1:00 наутро.
„Гаучосите“ имаа многу лош старт на квалификациите пред средбата со големиот ривал, тие освоија само еден бод во првите два натпревари.
Во дуелот со Бразил, Аргентинците ќе настапат без своите главни ѕвезди Лионел Меси, Серхио Агуеро и Карлос Тевес.
Од другата страна пак Бразилците се стремат кон својата втора победа по ред во квалификациите, а во тимот се враќа Нејмар, кој ги пропушти првите две кола поради суспензијата која му беше изречена поради неспортско однесувањето на Копа Америка.

Најнови вести