Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2011

Туре: Ќе се вратам уште подобар

Коло Туре им вети на своите навивачи дека по завршувањето на суспензијата ќе се врати подобар отколку што го паметат.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска се надева дека ќе биде на списокот на Роберто Манчини за натпреварот против Виган во сабота, во кој неговиот Манчестер сити игра на домашен терен.
Триесетгодишниот фудбалер е суспендиран поради користење недозволени супстанции, а тој се бранеше дека по грешка ги земал диеталните капсули од својата сопруга.
„Сè што сакам е да играм фудбал и сето ова да се заборави. Веќе десет години играм врвен фудбал и сите знаат дека на секој натпревар давам сто отсто и дека никогаш не би направил ништо што не е дозволено“, рече Туре.

Најнови вести