Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2014

Олимпијадата може да почне!

Од денес до 23 февруари во Сочи ќе се доделат 98 комплети медалји на 22. Зимски Олимписки Игри, а за нив ќе се натпреваруваат спортисти од 88 држави, а меѓу нив ќе бидат и тројца македонски олимпијци.

Нордиските скијачи Дарко Дамјановски и Марија Колароска и алпскиот скијач Антонио Ристевски се македонските претставници во Сочи. Иако не можеме да очекуваме борба за медал, тие се подготвени да го дадат својот максимум и да ги остварат своите најдобри резултати во кариерата. Најголемиот зимски спортски настан, атмосферата и конкуренцијата ќе бидат посебна мотивација нашите најдобри скијачи да дадат сè од себе.
Во организацијата на Игрите Русија не препушти ништо на случајот. Снегот е складиран уште од минатата година, а мерките за сигурноста се на највисоко ниво по терористичките закани – Олимпиското село ќе го чуваат 40.000 припадници на безбедносните сили.
Првите натпревари во уметничко лизгање, фристајл скијање, женскиот хокеј и сноубоардинг беа одржани вчера, а денеска во 17:15 часот на распоредот е церемонијата на Ввеченото отворање.
На оваа Олимпијада ќе видиме многу нови дисциплини: ски скокови за жени, екипен натпревар во уметничко лизгање, ски халф-пајп, ски слоп-стајсл, сноуборд слоп-стајл, мешана штафета во биатлон, паралелен слалом во сноубоард и штафета во санкање.

Најнови вести