Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2014

Манчестер сити го купи Мелбурн харт

Фудбалскиот клуб Манчестер сити го презеде австралискиот Мелбурн харт, откако купи поголем дел од акциите на клубот од австралиската Лига А.

Според тој договор, 20 отсто од акциите останаа во сопственост на рагби тимот Мелбурн сторм.
За Сити ова е втор фудбалски клуб кој го презеде во последната година, бидејќи претходно го купи Њујорк сити, кој ќе влезе во МЛС-лигата во 2015 година.
„Возбудени сме поради можноста да го преземеме Мелбурн харт, еден од најуспешните клубови во Австралија и во тој дел од светот“, изјави Феран Соријано, генералниот директор на Сити.
„Веруваме во силната спортска култура на Мелбурн, која во комбинација со фудбалската и комерцијалната експертиза во нашиот конзорциум ќе донесе одлични резултати на теренот и надвор од него“, додаде Соријано.
Мелбурн харт моментно е на самото дно на Лига А само со една победа од почетокот на сезоната, а боите на тој клуб моментно ги брани Хари Кјуел.

Најнови вести