Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2013

Капело: Аргентина и Бразил фаворити на Светското првенство

Фабио Капело, селекторот на Русија, смета дека Аргентина и Бразил се главни фаворити за освојување на титулата на Светското првенство кое ќе се одржи во Бразил 2014 година.

Русија се квалификува на Мундијалот како прва во групата Ф, пред Португалија и Израел.
„Со оглед на тоа дека првенството се игра во Бразил, мислам дека Аргентина и Бразил се главни фаворити, а изненадување би можеле да бидат Колумбијците. Мислам дека тие не можат да го освојат шампионатот, но се млад и талентиран тим, полн со потенцијал. Во вториот круг на фаворити ги гледам никогаш силната Германија и Шпанија, која може далеку да стигне, додека Италија и Холандија во третиот круг“, изјави Капело.
Капело во досегашната кариера беше тренер на: Рома, Милан, Јувентус, Реал Мадрид – во два наврати, а беше и селектор на репрезентацијата на Англија.

Најнови вести