Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2013

Бурса го отпушти Караман, Даум нов тренер

Германскиот тренер Кристоф Даум е именуван за нов шеф на стручниот штаб на турскиот прволигаш Бурсаспор.

Тој на клупата на оваа екипа ќе го замени Хикмет Караман, кој доби отказ по поразот од Војводина од Нови Сад во двомечот од третото коло на квалификациите за Лигата на Европа.
Даум со управата на турскиот прволигаш договори двегодишна соработка.
Пред Бурсаспор, Даум во Турција веќе ги водеше истанбулските гиганти Бешикташ и Фенербахче.
Даум во кариерата работеше и во: Келн, Штутгарт, Баер Леверкузен, Австрија Виена, Ајнтрахт од Франкфурт и Клуб Бриж.