Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2013

Максимовиќ од Ѕвезда оди во Торино

Никола Максимовиќ, одбранбениот фудбалер на Црвена ѕвезда, ќе потпише договор со Торино, пренесуваат италијанските медиуми.

Повремениот репрезентативец не беше во прв план на „Маракана“ по декември минатата година и поразот од Војводина.
Максимовиќ во Црвена ѕвезда дојде во декември 2011 година, а во дресот на „црвено-белите“ стигна и до репрезентацијата, за која настапи четири пати.
По споменатиот дуел против Војводина, кога навивачите го обвинија дека намерно го пуштил Умару да постигне гол, следуваше мистериозниот заем кај Аполон од Кипар. Но брзо се врати во Црвена ѕвезда и во финишот на минатата сезона одигра неколку натпревари.
Максимовиќ има 21 година, висок е 193 сантиметри и игра на позицијата стопер.

Најнови вести