Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2013

Фреј и Сивели потпишаа за Бурсаспор

Францускиот 33-годишен голман Себастијан Фреј и аргентинскиот 29-годишен одбранбен играч Ренато Сивели се новите засилувања на турскиот фудбалски прволигаш Бурсаспор.

Фреј доаѓа од Џенова, а потпиша тригодишен договор, додека Сивели е доведен од Ница, а парафираше двегодишна соработка.
Бурсаспор благодарение на казните за Фенербахче и за Бешикташ следната сезона ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, па управата тргна по нови засилувања.
На Фреј тоа ќе му биде седми различен клуб во кариерата, по: Кан, Интер, Верона, Парма, Фиорентина и Џенова. Сивели, пак, ја напушти Ница по три години поминати таму, а во кариерата играше и за: Банфилд, Марсеј, Химнасија и Сан Лоренцо.

Најнови вести