Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2013

Голманот на Бурсаспор претепа навивач

Харун Текин, голманот на Бурсаспор, тешко го прими поразот од Касимпаша во 27-мото коло на турското првенство. Неговиот бес на своја кожа го почувствува навивач кој влета на теренот.

Фудбалерите на Касимпаша победија со 2-0, а вториот погодок го постигнаа во четвртата минута од продолжението на натпреварот. Еуфоричниот навивач на домашната екипа одлучи голот да го прослави на теренот, но притоа направи огромна грешка бидејќи истрча зад грбот на гневниот гостински голман.
Фрустрираниот Текин го дофати натрапникот и го удираше со боксови, па на неколку секунди се оддалечи, а потоа се залета и го удри уште неколкупати. Голманот успеаја да го одвлечат соиграчите, а тој во бес го скина дресот, го фрли и отиде во соблекувалната.
За овој боксерски инцидент голманот Текин сигурно ќе биде казнет од Турската фудбалска федерација и останува да се види колкава ќе биде неговата суспензија.