Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2013

УЕФА ја потврди казната на Турците

Европската фудбалска унија ги отфрли жалбите на турските клубови Фенербахче и Бешикташ и потврди дека оваа сезона нема да учествуваат на европските натпреварувања.

Фенербахче и Бешикташ се казнети на крајот на јуни поради местење натпревари во домашните натпреварувања пред две сезони. Фенербахче доби забрана за играње во Европа наредните две сезони плус една условно, а Бешикташ само сезоната 2013/14.
Казната на Фенербахче делумно е намалена бидејќи е укината суспензијата на условната година.
„Жалбата на Фенербахче е делумно прифатена. Конкретно, Фенербахче нема да може да се натпреварува во европските натпреварувања наредните две сезони во кои со резултати ќе избори пласман, вклучувајќи ја сезоната 2013/14“, се наведува во соопштението на УЕФА.
Фенербахче претходната сезона ја заврши на второто место во турскиот шампионат и требаше да игра во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Бешикташ беше трет и обезбеди настап во Лигата на Европа.
Со оглед на случувањата, во квалификациите за најелитното клупско натпреварување сега ќе учествува четвртопласираниот Бурсаспор.

Најнови вести