Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2012

Рој Кин нов тренер на Касимпаша

Рој Кин, 41-годишниот легендарен поранешен капитен на Манчестер јунајтед, би требало да биде и официјално именуван за нов тренер на турскиот прволигаш Касимпаша, пренесуваат англиските медиуми.

Последната тренерска работа на Кин му беше во англискиот второлигаш Ипсвич во јануари 2011 година.
Касимпаша моментно, по шест одиграни кола, е второпласиран состав во турското првенство. И покрај изненадувачкиот квалитетен старт, сопствениците на клубот го сменија тренерот Метин Дијадин и се одлучија да доведат познато име.
Во случај на преземање на Касимпаша, на Кин тоа ќе му биде трет различен клуб во тренерската кариера почната во 2006 година, по Сандерленд и споменатиот Ипсвич.