Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2013

Тандем на клупата на Ирска

Џон Дилејни, извршниот директор на Фудбалскиот сојуз на Ирска,изјави дека до сабота ќе биде познато дали на клупата на репрезентацијата ќе седи селекторски тандем, кого ќе го сочинуваат Рој Кин и Мартин О’Нил.

„Имавме детални разговори со Кин и О’Нил. Се надевам дека со сабота ќе го претставиме селекторскиот тим. Не гледам никаква пречка за тоа“, изјави Дилејни за британските медиуми.
Рој Кин во својата тренерска кариера досега ги водеше Сандерленд и Ипсвич. За репрезентацијата на Ирска одигра 67 натпревари и постигна девет голови.
Мартин О’Нил досега седеше на клупата на: Норвич, Лестер, Селтик, Астон вила и Сандерленд.
Фудбалскиот сојуз на Ирска во септември го отпушти италијанскиот стручњак Џовани Трапатони поради неуспехот во квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.

Најнови вести