Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2016

Уште еден голман на Њукасл ја заврши сезоната

Поради тешката повреда Роб Елиот најверојатно ќе го пропушти Европското првенство, а можеби дури и стартот на квалификациите за Светското првенство.

Република Ирска и Њукасл останаа без голман откако за Роб Елиот заврши оваа сезона поради повредата со која се здоби на натпреварот против Словачка.
Изгледаше како да не беше толку страшно, но денешните прегледи потврдија дека се работи за повреда на лигаментите на коленото што значи дека ќе ги пропушти можеби и следните шест месеци.
Ова е веќе втора тешка повреда на голман на Њукасл откако Тим Крул на почетокот на сезоната доживеа повреда поради која и понатаму не е во состојба да застане меѓу стативите, а за Ирецот ова значи дека нема да патува на Европското првенство.

Најнови вести