Корисничко име Лозинка Пријави се
09.10.2015

Северна Ирска и Португалија на Евро, Србија ја победи Албанија

Репрезентациите на Северна Ирска и Португалија се пласираа на Европското првенство во Франција наредната година.

Португалија ја победи Данска со голот на Мутињо во групата И, додека Северна Ирска ја совлада Грција со 3-1 во групата Ф.
Репрезентацијата на Ирска со голот на Лонг ја шокираше Германија и славеше во групата Д и се изедначи со Полска, која одигра 2-2 со Шкотска. „Панцирите“ ја задржаа првата позиција со 19 бодови.
Во првиот натпревар Грузија со убедливи 4-0 го совлада Гибралтар. Во последното коло ќе се знае која од трите екипи ќе се пласира директно, а која преку бараж на Европското првенство.
Роберт Левандовски продолжи да ги полни мрежите на противниците и со двата гола ѝ донесе бод на својата екипа. Погодоците за Шкотска ги постигнаа Ричи и Флечер.
Во групата Ф, за преостанатото место ќе се борат Романија и Унгарија. Романија до бодови со Финска стигна во финишот на средбата, а Унгарија ги совлада Фарски Острови по пресвртот. Прв пат по 1986 година Северна Ирска успеа да се пласира на големото натпреварување.
Во групата И, Србија во Елбасан ја победи Албанија со 2-0 во самиот финиш на натпреварот со головите на Коларов и Љајиќ. Албанците во наредното коло мора да ја победат Ерменија доколку сакаат директен пласман на Европското првенство, со оглед на тоа дека имаат бод помалку од Данска, но и послаб меѓусебен скор. Португалија во наредното коло гостува кај Србија.
Пласман на Европското првенство претходно обезбедија: Исланд, Чешка, Англија и Австрија.

Најнови вести