Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2014

Кин си замина од Астон вила

Рој Кин, поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, изјави дека го напуштил местото помошен тренер на фудбалскиот клуб Астон вила бидејќи таа работа не можел да ја вклопи со работата во стручниот штаб на репрезентацијата на Ирска.

„Мојата работа во Вила и во репрезентацијата на Ирска, разните комбинации на тие две улоги станаа напорни. Не е чесно ниту кон Астон вила ниту кон Ирска, па донесов ваква одлука“, изјави Кин.
Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед во јули дојде во Астон вила, каде што му помагаше на Пол Ламберт во стручниот штаб.
Тој минатиот ноември беше сместен во стручниот штаб на селекторот на репрезентацијата на Ирска Мартин О’Нил.
„Му благодарам на Пол што ми даде шанса да дојдам во одличен клуб. Уживав во тоа искуство и на сите во клубот и на навивачите им посакувам сè најдобро во иднина“, изјави Кин.

Најнови вести