Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2014

На Јунајтед му требаат шест нови играчи

Рој Кин, некогашниот капитен на Манчестер јунајтед, изјави дека на неговиот поранешен клуб му се потребни шест засилувања доколку сака да се натпреварува на највисоко ниво.

Актуелниот шампион на Премиер лигата моментно е седмопласиран на табелата, со заостанување од 18 бодови во однос на првопласираниот Челзи и со девет бодови помалку од Ливерпул, кој е четврти, односно на позицијата која води во квалификациите за Лигата на шампионите.
Но, Кин за лошите резултати не го обвинува новиот тренер Дејвид Мојс, туку најмногу му замерува на поранешниот тренер Алекс Фергусон, кој, според неговото мислење, лошо ги одработил неколкуте последни преодни рокови. Фергусон и Кин не се разделија на вистински начин кога Ирецот го напушташе „Олд Трафорд“.
„На Јунајтед му се потребни пет или шест играчи. Немаше големи трансфери во последните неколку години, и тоа сега им се одрази“, изјави Кин.
Популарниот Кин по играчката кариера, продолжи во тренерските води. Но, досега не се прослави, најпрво го водеше Сандерленд, а од 2009 до 2011 година седеше на клупата на Ипсвич.

Најнови вести