Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2011

Купер на клупата на Ордуспор

Некогашниот славен аргентински тренер Ектор Раул Купер потпиша едногодишен договор со турскиот прволигаш Ордуспор.

За клубот кој моментно е пласиран на 14-тото место на табелата Аргентинецот потпиша по заминувањето на Метин Дијадин. Доколку Купер задоволи со својата работа во наредните дванаесет месеци, веднаш на сила стапува клаузулата со која договорот му се продолжува за уште осумнаесет месеци.
Познатиот аргентински стратег своите славни денови ги имаше на почетокот на новиот милениум со Валенсија, кога играше на две финалиња во Лигата на шампионите, во 2000 и 2001 година, а досега во кариерата предводеше девет клубови, меѓу кои Интер и репрезентацијата на Грузија.
Последната работа, и тоа оваа сезона, ја имаше во Сантандер, кого го напушти поради лошите резултати минатиот месец.

Најнови вести