Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2011

Н'зогбија во Астон Вила, Фостер во Вест Бромич

Астон Вила го засили својот тим со крилниот напаѓач на Виган, Шарл Н'зогбија.

Менаџерот Алекс Меклиш го доби Французинот како замена за Стјуарт Даунинг кој замина во Ливерпул.
Досега Н'Зогбија има два настапа за француската репрезентација. Својот прв гол го постигна во пријателскиот натпревар против Полска претходниот месец.
Вест Бромич Албион, од Бирмингем оваа сезона го купи голманот Бен Фостер. На тренерот Рој Хоџсон му требаше голман бидејќи Скот Карсон ова лето замина за турски Бурсаспор.
Досегашниот голман на ВБА, велшанецот Боаз Мајхил, би требало да замине во спротивен правец, кон Бирмингем.

Најнови вести