Корисничко име Лозинка Пријави се
14.12.2011

Фенербахче го суспендира Емре

Фенербахче го суспендира Емре Белозоглу, играчот од средината на теренот, поради расправија со соиграчот Кристијан Барони и обид физички да го нападне тренерот Ајкут Кочаман.

До инцидентот дошло во понеделникот вечерта по победата на Фенербахче од 2-0 над домаќинот Бурсаспор во првенството на Турција.
Турските медиуми наведуваат дека Емре поради овој инцидент, најверојатно, ќе го раскине договорот со Фенербахче и ќе побара нов клуб надвор од земјата.
На Емре договорот со клубот од Истанбул му истекува во јуни следната година.
Тој оваа сезона за Фенербахче одигра седум натпревари и не се запиша во стрелците. Пред Фенербахче, Емре играше за Њукасл, Интер и Галатасарај.

Најнови вести