Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2013

Антон Фердинанд на заем во Бурсаспор

Антон Фердинанд, 27-годишниот одбранбен фудбалер на Квинс парк ренџерс и брат на познатиот играч на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, до крајот на тековната сезона ќе игра на заем во турскиот Бурсаспор.

Фердинанд, како и својот седум години постар брат, кариерата ја почна во Вест хем, од којшто во 2008 година премина во Сандерленд, а три години подоцна дојде во Квинс парк ренџерс. Меѓутоа, оваа сезона добиваше малку шанси, па се одлучи привремено да отиде во седмопласираната екипа во турската Суперлига. Во Бурсаспор ќе му се придружи на сонародникот Скот Карсон, поранешен голман на англиската репрезентација.
Антон Фердинанд стана најпознат минатата сезона, кога во текот на натпреварот расистички беше навреден од капитенот на Челзи, Џон Тери, кој поради тоа заврши и пред граѓански суд.

Најнови вести