Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2016

Тери: Не преговарам за нов договор

Капитенот на Челзи Џон Тери изјави дека не разговарал со клубот за нов договор, иако менаџерот Гус Хидинк најави дека би можел да остане меѓу „сините“.

Триесет и пет годишниот Тери минатата седмица објави дека клубот од Лондон не му понудил нов договор, бидејќи сегашниот му истекува ова лето.
Запрашан по ремито со Манчестер јунајтед дали нешто се променило, Тери изјави:
„Не од моја страна. Јасно на сите им ставив до знаење дека сакам да останам“.
Откако Тери најави дека ќе го напушти „Стемфорд бриџ“, Хидинк ја истакна желбата околу продолжување на соработката. Меѓутоа, холандскиот стручњак во текот на викендот истакна дека не сака да шпекулира околу исходот.
„Тешко е, клубот е најважен, но во моментов нема никаква комуникација меѓу мене и клубот. Никогаш нема да ги заборавам сите тие прекрасни моменти кои ги доживеав овде и тие спомени засекогаш ќе бидат со мене“, изјави Тери, кој додаде дека сигурно нема да игра ниту за еден клуб во Премиер лигата доколку замине од Челзи. 

Најнови вести