Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2016

Тери ова лето го напушта Челзи

Капитенот на Челзи Џон Тери ќе ги напушти редовите на „сините“ на крајот на сезоната, бидејќи клубот нема да му понуди нов договор.

Триесет и пет годишниот дефанзивен играч на „Стемфорд бриџ“ дојде на 14 години, со лондонскиот клуб освои пет титули во Премиер лигата, пет трофеи во ФА купот и еден во Лигата на шампионите.
„Идеално би било да можам да останам, но клубот одлучи поинаку“, изјави Тери.
Тери негираше дека заминувањето од Челзи би значело и завршување на неговата кариера, туку истакна дека ќе продолжи да игра, но не во Англија.
„Не би можел да играм за ниту еден друг клуб во Премиер лигата, ќе заминам некаде надвор од Англија. Чувствувам дека сум на добра позиција, играм одлично и имам уште неколку години. Само ќе морам да играм некаде на друго место, а клубот ќе продолжи без мене. Ниту еден играч не е поголем од клубот, нема сомнежи дека ќе доведе еден или два централни бека“, нагласи Тери.

Најнови вести