Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2016

Блан: Гостувањето кај Челзи ќе биде натпревар на сезоната

Тренерот на ПСЖ Лоран Блан изјави дека реванш натпреварот што следува во осминафиналето во Лигата на шампионите против Челзи е најважниот натпревар во текот на оваа сезона.

Фудбалерите на Челзи денес во 20:45 на „Стемфорд бриџ“ ќе го пречекаат тимот на ПСЖ во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Нè очекува најважниот натпревар во сезоната. Најважната работа е тимот да биде максимално подготвен да одговори на сите барања“, изјави Блан.
Во првиот натпревар одигран во Париз, ПСЖ го победи клубот од Лондон со 2-1, па на тимот на Лоран Блан за да помине понатаму меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите му е доволен и реми или пораз од еден гол разлика, но со најмалку два постигнати.
ПСЖ и Челзи во последните три години секогаш се сретнуваат во плеј-оф фазата од Лигата на шампионите. Минатата година исто така меѓусебно играа во осмина финалето, а година дена претходно во четврт-финалето.
Клубот од Лондон во 2014 година благодарение на постигнатиот гол на гости дојде до пласманот во полуфиналето, за ПСЖ да врати со иста мера година дена подоцна.
Како и пред три седмици во Париз, средбата меѓу Челзи и ПСЖ е закажана во време кога двата клуба се соочуваат со големи проблеми со повредите на играчите.
На натпреварот денес за Челзи сигурно нема да игра Џон Тери, Радамел Фалкао и Курт Зума, а со нешто полесни повреди се Кенеди, Диего Коста и Педро Родригес, па нивните настапи се под знак прашање.
Од друга страна за ПСЖ нема да играат Серж Орие, кој од порано е суспендиран поради критикување на Лоран Блан и некои од соиграчите, додека Матуиди, Пасторе и Верати се под знак прашање поради полесни повреди.

Најнови вести