Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2016

Челзи без Тери против ПСЖ

Капитенот на Челзи Џон Тери би можел да го пропушти и натпреварот во ФА купот против Манчестер сити во недела, изјави тренерот на „сините“ Гус Хидинк.

Во секој случај Треи нема да биде на теренот на вечерниот натпревар во Лигата на шампионите во кој Челзи ќе игра против ПСЖ, а Хидинк изјави дека е тешко да се каже дали ќе може да заигра против Сити.
„Поради тоа одлучивме Џон да остане во Лондон за да може во нашиот тренинг центар да има секојдневни терапии па ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави холандскиот стручњак.
Тери беше заменет во 38-та минута во саботниот дуел на Челзи со Њукасл (5-1).
„Не сме среќни поради ова, Тери е водач на теренот, но јас не сум од оние менаџери кои само се жалат, одиме понатаму. Имам целосна доверба во играчите кои ќе го заменат“, додаде Хидинк.

Најнови вести