Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2016

Челзи го пронајде наследникот на Тери

Џон Тери на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Челзи, па клубот од Лондон бара нов лидер на одбраната.

Како што пренесува германскиот весник „Билд“, одлуката паднала на централниот бек на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс.
Челзи наводно веќе започнал преговори со клубот и играчот за кој е подготвен да одвои 35 милиони евра.
Хумелс има 27 години, последните сезони се шпекулира дека би можел да помине во Манчестер јунајтед, но конкретни преговори сè уште нема.
Германскиот репрезентативец  (44 натпревари, 4 голови), започна во академијата на Баерн, но одигра само еден натпревар за баварскиот гигант.
Во Борусија пристигна во 2008 година како позајмен играч, а во меѓувреме прерасна во капитен на тимот и во еден од најдобрите одбранбени играчи во Европа.

Најнови вести