Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2016

Тери на патерици го напушти стадионот на Свонси

Џон Тери, дефанзивниот играч на Челзи, во натпреварот од четвртото коло на Премиер лигата против Свонси се здоби со повреда на глуждот, а стадионот го напушти на патерици.

Сè уште не е позната тежината на повредата на 35-годишниот капитен на „сините“, а според зборовите на менаџерот Антонио Конте, повеќе детали ќе се дознаат денес, по снимките со магнетна резонанца.
Извесно е дека учеството на искусниот одбранбен играч во натпреварот од петтото коло против Ливерпул следниот викенд е доведено во прашање.
Диего Коста, напаѓачот на „сините“, на Челзи му донесе бод на гостувањето кај Свонси (2-2), што на екипата од Лондон ѝ е прво реми по трите последователни победи на стартот на шампионатот.

 

Најнови вести