Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2016

Тери ќе го пропушти Ливерпул, Луиз ќе дебитира

Џон Тери, капитенот на Челзи, ќе отсуствува од теренот неколку дена, а не една седмица како што се мислеше, по лесната повреда на глуждот.

Како што пренесе „Скај спортс“, со прегледите е утврдено дека Тери не го скршил глуждот во текот на првенствениот натпревар со Свонси (2-2) во неделата.
Тој се повреди при судир со Лерој Фер, играчот на Свонси, во финишот на натпреварот но мораше да остане на теренот бидејќи тренерот Антони Конте претходно ги изврши сите три измени.
На Тери му отече глуждот и речиси сигурно ќе го пропушти дербито со Ливерпул, во петок од 21 часот на „Стемфорд бриџ“. Се очекува дека Тери во првиот тим ќе го замени Давид Луиз, кој на последниот ден од преодниот рок во Челзи се врати од ПСЖ.

 

Најнови вести