Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2012

Марио Ѓуровски се пресели на Тајланд

Дваесет и шестгодишниот Марио Ѓуровски е нов член на најдобриот клуб на Тајланд, Муангтонг јунајтед. Нашиот репрезентативец со клубот потпиша тригодишен договор.

„Ова е голем предизвик и сигурен сум дека не погрешив. Фудбалот на Тајланд од година во година напредува, а оваа сезона очекувам да направиме бум и веќе следната да играме во Лигата на шампиони на Азија. Градот е совршен, клубот е најголем во државата, луѓето живеат за фудбалот и тоа е она што ме исполнува“, истакна Ѓуровски на промоцијата пред дваесет телевизиски екипи и многу новинари.
Видеоклипот со најдобрите потези на Марио, кој е закачен на клупската интернет-страница, за два дена го виделе повеќе од 30.000 луѓе. Марио, помалиот син на легендарниот Милко Ѓуровски, е дете на младинскиот погон на Црвена ѕвезда, а во кариерата играше за ОФК Младеновац, Сопот, Бежанија, Војводина и Металург од Донецк. За нашиот национален тим одигра 12 натпревари и постигна два гола.

Најнови вести