Корисничко име Лозинка Пријави се
09.7.2011

Гивен пред трансфер во Астон вила

Резервниот голман на Манчестер сити, Шеј Гивен, е подготвен да се откаже од 25,000 фунти неделно за да потпише за клубот од Бирмингам.

Откако по доаѓањето на Роберто Манчини во Манчестер сити го загуби статусот на прв голман, репрезентативецот на Република Ирска е блиску да стане првото засилување за Астон вила по доаѓањето на Алекс Меклиш на „Вила парк“.

Англиските медиуми пренесуваат дека висината на трансферот е меѓу два и четири милиони фунти, но сè зависи од тоа дали Шеј Гивен ќе се согласи на намалување на неговата плата која досега изнесувала 80,000 фунти неделно.

Триесет и петгодишниот голман кој лани беше резерва на Џо Харт ќе се согласи за помала плата да потпише тригоишен договор и да стане број еден голман на Астон вила откако досегашниот прв голман, Бред Фридел, на почетокот на летниот преоден рок замина во Тотенхем.

Алекс Меклиш е блиску и до осигурување на потписот на бекот на Тотенхем, Алан Хатон, со кој соработуваа додека Меклиш беше менаџер на Ренџерс.

Најнови вести