Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2013

Фиорентина го доведе Волски од Легија

Рафал Волски, 20-годишниот талентиран полски фудбалер за врска, е нов играч на Фиорентина. Италијанските медиуми наведуваат дека клубот од Фиренца платил 2,2 милиони евра оштета, а деталите од договорот не се познати.

Волски е производ на младинскиот погон на Легија од Варшава, а во професионалните води заплови во 2010 година. Зад себе има три настапи за полската репрезентација.
Претходно за доведување на Волски беше заинтересирана Борусија Дортмунд, но трансферот не се реализира.
Фиорентина во јануарскиот преоден рок беше доста активна, па претходно го доведе Џузепе Роси од Вилјареал. Италијанските медиуми шпекулираат дека Волски би можело да биде замена за Јоветиќ, кој најверојатно до крајот на овој преоден рок ќе замине од Фиренца.

Најнови вести