25.7.2012 Панучи ќе му асистира на Капело
Кристијан Панучи, поранешниот дефанзивен играч на Милан, Рома и Реал Мадрид, ќе биде дел од стручниот штаб на Фабио Капело, новиот селектор на Русија.
Италијанскиот стручњак ја собира екипата со
која ќе се обиде „зборнајата“ да ја одведе на Светското првенство во Бразил
2014 година. Панучи ќе му биде асистент на Капело, а посебно задолжение ќе му
биде скаут кај противниците на Русија. Во текот на квалификациите избраниците
на Капело ќе се сретнат со Португалија, Израел, Северна Ирска, Азербејџан и
Луксембург.
Панучи се пензионира во 2009 година, а досега
работеше како коментатор на телевизија.