14.6.2011 Роделин го засили Лил
Францускиот шампион Лил го донесе своето прво засилување за наредната сезона, а се работи за дваесет и едногодишниот напаѓач Рони Роделин, кој потпиша четиригодишен договор.
Роделин минатата сезона постигна петнаесет гола во петнаесет лигашки
настапи за второлигашот Нант.
„Ова за мене е огромна шанса и многу сум среќен што потпишав за шампионот.
Чувствувам дека направив огромен чекор напред во својата кариера“, изјави
Роделин.
Се верува дека овој фудбалер е само прв во низата играчи коишто треба да го
заменат репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Жервињо, кој минатата
сезона со петнаесет гола и единаесет асистенции во триесет и пет натпревари го
предводеше клубот до првиот трофеј по 1954 година.
Се шпекулира дека следна дестинација на Жервињо ќе биде Арсенал, со кого
веќе од поодамна е во преговори.