Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2012

Пављученко потпиша за Локомотив

Роман Пављученко, репрезентативниот напаѓач на Русија, го комплетираше својот трансфер од Тотенхем во Локомотив Москва, откако потпиша повеќегодишен договор со рускиот тим.

Се работи за договор со кој тој се обврзува да остане во клубот три и пол години. Во редовите на англискиот клуб не ја доби потребната минутажа, откако за седумнаесет милиони евра од Спартак Москва во 2008 година дојде на „Вајт харт лејн“.
Бидејќи Пављученко настапуваше за Тотенхем во европските натпреварувања, тој нема да може да му помогне на својот нов клуб во Лигата на Европа, кога Локомотив овој месец ќе ги вкрсти копјата со шпанскиот клуб Атлетик Билбао.

Најнови вести