Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2018

Португалија прв финалист во Европското првенство во футсал

Футсалерите на Португалија се првите финалисти на Европското првенство во Словенија. Тие во полуфиналето славеа против селекцијата на Русија со 3-2 во многу возбудлив натпревар.

Најзаслужен за победата на Португалците во полуфиналето беше Андре Коелјо, кој постигна два гола за неговиот тим.
Русите во салата „Стожице“ поведоа со голот на Бразилецот Лима уште во четвртата минута од дуелот, па тимот на селекторот Скорович на пауза замина со минимална предност.
Во продолжението Португалците заиграа поагресивно, а изедначувачкиот гол го постигна Андре Коелјо во 31-вата минута. Само пет минути подоцна, тој направи и пресврт.
Третиот гол за Португалија го постигна Бруно Коелјо во 40-тата минута, а конечните 3-2 ги постави стрелецот на првиот гол за Русија, Лима, во 40-тата минута и обезбеди неизвесна завршница.
Португалија со тоа по втор пат во нејзината историја ќе игра во финалето на Европското првенство. Минатиот пат таа настапи во 2010 година во Унгарија, кога во финалето подобра од неа беше Шпанија.
Во вториот полуфинален дуел синоќа Шпанија беше подобра во пенал-серијата против Казахстан, откако регуларниот дел заврши со реми 5-5.
Португалците во финалето сега ќе имаат можност да им се осветат на Шпанците за поразот од 2010 година.

Најнови вести