Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2018

Агуеро во судиското продолжение го урна храбриот Бристол

Лидерот во Премиер лигата Манчестер сити го победи Бристол со 2-1 во првиот натпревар од полуфиналето од Лига купот.

Победата на екипата на Пеп Гвардиола во 92-ата минута ја донесе Серхио Агуеро кој со глава го совлада одличниот голман на гостите Филдинг.
Гостите одиграа одличен натпревар на „Етихад“ стадионот и не би било незаслужено да останеа непоразени пред реваншот.
Бристол до голот за изненадување дојде во 44-тата минута кога Боби Рид од белата точка го совлада Браво. Сити на паузата замина со заостанување, но брзо во продолжението дојде до израмнување.
Во 55-тата минута Де Бројне и Стерлинг одлично комбинираа, по што Белгиецот го совлада гостинскиот голман. Долго време на семафорот стоеше резултатот 1-1 и се чинеше дека тоа ќе биде и конечен исход, но Агуеро се погрижи тоа да не биде така.
Филдинг лошо го процени летот на топката, Агуеро прв стигна до неа и обезбеди предност пред реваншот.
Во второто полуфинале вечер играат Челзи и Арсенал, а реваншот меѓу Бристол и Манчестер сити се игра на 21-ви јануари.

Најнови вести