19.12.2017 Сити ќе ја удвои платата на Де Бројне
Манчестер сити, лидерот на англиската Премиер лига, планира да потпише нов договор со белгискиот фудбалер Кевин де Бројне и да му ги удвои примањата до 2024 година.
Според новата соработка, Де Бројне би заработувал по 225.000 евра седмично, и тоа без бонуси, што значи дека би бил трет најплатен играч во тимот, зад Серхио Агуеро и Јаја Туре.
Белгиецот игра во фантастична форма, веројатно сега е најдобар играч на Премиер лигата, во која „граѓаните“ остварија 17 победи и само едно реми.
Де Бројне во победите над најголемите ривали на Манчестер јунантед (Ливерпул, Челзи, Арсенал, Јунајтед и Тотенхем) беше прогласуван за играч на натпреварот, што е огромен показател колку е важен тој за тимот на Гвардиола.
Белгиецот оваа сезона ги одигра сите 18 натпревари за „граѓаните“ во Премиер лигата, а има учинокот од шест погодоци и осум асистенции.
На „Етихад“ дојде летото 2015 година од Волфсбург за клупски рекорд од 80 милиони евра, а претходно играше за Генк, Челзи и Вердер Бремен.